Во полициска акција на подрачјето на општина Прешево и Врање денеска се уапсени дваестина луѓе, осомничени за трговија со дрога и шверц на цигари.
Во акцијата помеѓу приведените има и припадници на полицијата.
Како што дознава Бета, акцијата утринава заеднички ја спровеле припадници на Управата за организиран криминал од пограничните единици на Србија и Македонија.