Премиерот Зоран Заев очекува в понеделник на состанокот со претставниците од Алијанса на Албанците и Алтернатива да се изнајде решение во однос на нивното барање за начинот на добивање државјанство на Република Северна Македонија.
Според премиерот извесно е решението, знаејќи ги сите детали од анализи, но и како што информира, работните состаноци што ги имал со министерот и со заменик министерот за внатрешни работи за оваа тема.
Рече дека тоа би биле услови кои се среќаат секаде на европскиот континент или во нашиот регион.
Заев истакна дека верува оти со самото законско решение, во кое се земени предвид и барањата на опозицијата, ќе се постигне целта, а тоа е граѓаните кои бараат државјанство да го добијат.
Инаку токму поради овој закон албанската опозициска коалиција поднесе илјадници амандмани со кои го блокираше носењето на закони во Собранието, меѓу кои и оние од петтиот пакет економска помош кои треба да се донесат како одговор на лрезата предизвикана од пандемијата.