https://www.youtube.com/watch?v=G-lMJApaLJc
Двајца луѓе се здобиле со сериозни изгореници, а десетина се полесно повредени кога во ресторан во Париз биле фрлени молотови коктели. Лицата со изгореници се веднаш префрлени во болница, а другите со полесни повреди меѓу кои има и 6 полицајци, помагале при евакуирање на другите луѓе.
На местото на настанот веднаш стигнале екипи на пожарната служба со 50 пожарникари и брза помош.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во ресторанот што се наоѓа во склоп на петкатница, но внатрешноста на локалот е целосно уништена. Мотивот за нападот е непознат, но се претпоставува дека е обид за грабеж.
Франција е во вонредна состојба поради низата терористички напади што ја потресоа земјата во зиминатите две години.

