Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Русија непријателите се насекаде

0
By Zoran Ivanov on November 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Русите им беше ветена брза победа во Украина, а добија долготраен и скап конфликт, кој потсетува на авганистанска кал, која придонесе за распадот на СССР. Тоа не го спречи Путин, кој ги засилува кривичните гонења за да ги елиминира потенцијалните ривали.

Нина Л. Хрушчова

На Русите им беше ветена брза победа во Украина, а добија долготраен и скап конфликт, кој потсетува на авганистанска кал, која придонесе за распадот на СССР. Тоа не го спречи Путин, кој ги засилува кривичните гонења за да ги елиминира потенцијалните ривали.

Во 18 век, рускиот цар Петар Велики редовно ги казнувал своите критичари со мачење, прогонство во Сибир и смртна казна, а понекогаш тоа го правел и поради „несоодветен збор“ на сметка на господарот. Во средината на 30-тите години на 20 век, Јосиф Сталин користел фабрикувани обвиненија за предавство на државата и насилно изнудени признанија за да ги отстрани потенцијалните ривали, вклучувајќи многу истакнати „стари болшевици“ против кои се водени јавни судења. Во наше време, во борбата на рускиот претседател Владимир Путин против наводните непријатели – внатре и надвор од Русија – се слушаат вознемирувачки одеци од оваа мрачна историја.

Да го земеме обвинението против критичарот на Кремљ, Иљја Јашин, од октомври 2022 година – и затворската казна од 8,5 години – за ширење „лажни“ информации за руската војска. Јашин истовремено беше обвинет дека негува „непријателство кон (рускиот) политички систем“. Во тоа време, призвуците на сталинизмот беа шокантни. Три години подоцна, тие станаа вообичаени.

Во Русија, бројот на случаи поврзани со тероризам нагло порасна по инвазијата на Украина. Порасна и бројот на осудителни пресуди, од околу 350 во 2021 година, на скоро 500 во 2022 година и над 1.000 во 2024 година. А оваа година, руските судови донесуваат најмалку пет такви пресуди дневно: веќе има над 600, само во првите шест месеци. До крајот на годината, вкупниот број би можел да надмине 1.500.

Всушност, рускиот парламент, кој служи како украс, го олесни поднесувањето кривични пријави против критичарите на Путин: тој ги обврза непрофитните организации, кои добиваат „каква било помош“ од странство, да се регистрираат како „странски агенти“ и да бидат подложени на зголемен владин надзор. Ознаката „странски агент“ отсекогаш беше средство за казнување на противниците на Кремљ, а сега е речиси еквивалент на советскиот термин „непријател на народот“, кој беше вовед во чистките.

Ова јасно се виде на почетокот на октомври, кога таканаречени странски агенти (а всушност прогонети опозициски личности од Рускиот антивоен комитет основан по инвазијата во 2022 година) беа обвинети за тероризам. Меѓу нив беше и поранешниот извршен директор на „Јукос“, Михаил Ходорковски, кој побегна во Лондон откако одлежа десет години затвор под лажни обвиненија за измама и проневера.

Како и во времето на Сталин, сегашниот режим прогонува не само отворени критичари туку и секого за кого Кремљ смета дека би можел да го оспори неговиот авторитет. Регионални раководители, влијателни политичари и високи воени офицери, на кои Кремљ претходно им веруваше, сега редовно се апсат по кривични обвиненија, обично поврзани со корупција. Во последно време, дури и поединци лојални на Кремљ почнуваат да се означуваат како странски агенти, а за причините може само да се нагаѓа.

Можеби пропутиновиот пропагандист Сергеј Марков претерано го поддржувал Азербејџан во моментот кога односите на таа земја со Русија се влошија? А воениот блогер и кремљски агитатор Роман Аљехин отишол предалеку жалејќи се на бавниот напредок на Русија во Украина? Дали Алексеј Шевцов, поранешен градоначалник на Пљос, бил премногу амбициозен во своите претприемачки потфати?

Како и во случајот на „Јукос“ на М. Ходорковски, властите го конфискувале имотот на Шевцов, вклучувајќи го и неговиот успешен бизнис наречен „избинг“ (туристички одмори во традиционални изби, колиби). Од болшевиците до Путин, вистинските цели на овие конфискации се исти. Првата цел е богатење на државата. Од 2022 година, Русија запленила имот вреден околу 3,9 билиони рубли (49 милијарди долари) од сопственици на приватни претпријатија обвинети за злосторства што се движат од проневера до предавство. Втората цел е ограничување на можностите на потенцијалните ривали да формираат ефикасна опозиција.

Бидејќи режимот на Путин казнува лево и десно, користејќи ги законите како што ќе му се посака, руската елита станува сè позагрижена. Но, не морате дури ни да бидете Русин за да дојдете на нишанот на Путин. Сталин, практично секого надвор од СССР го сметал за потенцијална пречка за изградбата на „социјализмот во една земја“, а Путин исто така е убеден дека Русија е „посебна цивилизација“ под напад на Западот кој сака да ја уништи.

Во текот на украинската војна, антизападната реторика на Кремљ почна да цвета. Но, во октомври беше достигнат нов врв: руската Надворешна разузнавачка служба (СВР) ја обвини Велика Британија дека подготвува „гнасна провокација“: операција под лажно знаме во која учествувале група Руси што ја поддржуваат Украина и располагаат со „опрема од кинеско производство“. Наводно, планирале да нападнат украински воен или странски цивилен брод во едно европско пристаниште.

Ваквите измислици не ја одразуваат само геополитичката несигурност, туку и огорченоста на полето на културата. Ако Русите во британските шпионски филмови се прикажани како „лошите“, Британците стануваат „лоши“ во руската разузнавачка пропаганда.

Не е тешко да се утврдат причините за растечката опсесија на Кремљ со наводните непријатели на Русија. Украинската војна сè почесто предизвикува разочарување, дури и меѓу оние што претходно поверуваа во националистичката пропаганда на Путин.

Со инфлација што надминува 8 %, многу Руси тешко можат да си ги дозволат основните потреби – храна, гориво, лекови и подмирување на комуналните услуги. Економскиот раст се забавува, а буџетскиот дефицит во првата половина од годината порасна на 4,88 билиони рубли, што далеку ги надминува 3,8 билиони рубли проектирани за целата 2025 година. И сето тоа поради што? Поминаа речиси четири години, а Русија успеа да окупира помалку од 12 отсто од територијата на Украина.

На Русите им беше ветена брза победа во Украина, а добија долготраен и скап конфликт кој потсетува на авганистанската кал, која придонесе за распадот на СССР. Путин сето ова го разбира и сега со казнување и заплашување се обидува да ја елиминира секоја закана за својата моќ. Во меѓувреме, војната продолжува и бројот на жртвите расте.

Извор: Слободен печат.мк

колумна нина л. хрувчова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.