Во сабота во мала Речица ќе се сретнат лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. Информацијата на веникот Дневик е потврдена од шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби.
Според Дневник, средбата на двајцата лидери најверојатно ќе биде во проширен состав со партиските функционери, истата била организирана на заедничка иницијатива. Како што објавува весникот, претседателите на двете партии ќе разговараат за политичката ситуација, за евроатлантските интеграции и за теми од заемен интерес.
– Битно за ДУИ е да има конструктивен политички дијалог меѓу политичките партии без оглед дали станува збор за владеачки или опозициски, како и конструктивна комуникација меѓу претседателите на партиите – изјавил Артан Груби за Дневник.