Музичката компилација „Некои девојки“ ќе биде промовирана и достапна за јавноста на 22 март, сабота. По тој повод во Младинскиот културен центар, со почеток во 19 часот ќе се одржи слушачка промоција на ова издание. Дружењето ќе продолжи на промо забавата во клубот Ла Кања, во старата скопска чаршија.
На оваа компилација се поместени 15 композиции од домашни артистки и групи со проминентни женски членови кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена.
На компилацијата со свои песни учествуваат: Bernays Propaganda, Devojka, Future Cathedrals, G-rough, Galathea, GreenFuzz, Herzel & Genoveva, June, Нина Георгиева, Plava, Првата дама, Quiet Hiroshima, Sleet, Telemama и Undone.
Голем дел од овие композиции ќе бидат за првпат објавени на носач на звук, а дел од нив се специјално креирани за потребите на компилацијата. Помеѓу изведувачите на ова издание има дебитанти, но и добро познати имиња со повеќегодишно искуство. Стилски компилацијата е разновидна, покривајќи низа на жанрови кои ја отсликуваат разноврсноста на современата македонска сцена. Ова е прво музичко издание од ваков вид во Македонија.
На оваа компилација работеше тимот и пријателите на емисијата Ако никој не свири, која се емитува на брановите на Канал 103, во партнерство со Младински Културен Центар – Скопје. Извршен продуцент е Ѓорѓи Јаневски. Дизајнот на цеде изданието е на Јасмина Главинче. Дизајнот на дигиталното издание и постерот се дело на Филип Букршлиев. Мастерингот го изработи Ален Хаџи-Стефанов.
Покрај на ЦД-формат, кој ќе биде достапен на промоцијата, почунувајќи од понеделник 24 март, компилацијата ќе биде достапна и во дигитално издание на страницата http://nekoidevojki.bandcamp.com/ и на http://www.akonikojnesviri.mk/
Активностите поврзани со ова издание ќе бидат заокружени со концертна промоција која ќе
се одржи во јуни, во МКЦ.