Порталот на албански јазик Алмакос, повикувајќи се на свои сигурни извори, објавува дека во борбата против власта на претседателот Асад бил убиен уште еден Албанец од Скопје.
Убиениот Албанец бил оџа од Скопје, Сами Абдулахи, кој е вториот Албанец од Македонија, убиен во Сирија откако на крајот на мај годинава настрада Расим Н. кој бил дел од опозициското движење во Сирија “Јабха ел-нусрах”.
>>Убиен млад гостиварчанец во Сирија
Абдулахи бил имам во Бремен, Германија, а учествувал и во војната од 2001 година во селото Матејче, како и војните на Косово и во Босна.