Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје 11 случаи на морбили

0
By Менче Атанасова Точи on March 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единаесет случаи на морбили се регистрирани во Скопје од почетокот на годината до сега , дознава НОВА од епидемиолози кои вршат вакцинација на терен. Станува збор за возрасни луѓе, меѓу нив има и средношколци од кои повеќето не биле воопшто вакцинирани против мали сипаници, односно морбили. Нашите извори велат дека среќна околност е што заболените не се поврзани меѓу себе и затоа се уште не може да се зборува за епидемија.

-Доколку барем два случаи беа поврзани меѓу себе, биле во меѓусебен контакт или се од ист клас, тогаш може да зборуваме за епидемија. Но и вака како што стојат работите 11 заболени само во Скопје за толку краток период е многу бидејќи претходните години сме имале по 2-3 случаи годишно, велат нашите извори.

Иако информацијата неофицијално ја потврдија во Центарот за јавно здравје, официјален став нема ниту од оваа институција, ниту о Комисијата за заразни болести. Од Центарот се повикуваат на Министерството за здравство кое за воља на вистината селективно дава информации иако се од јавен интерес и станува збор за јавно здравство.

Инаку, само во јануари за не цел месец беа регистрирани петмина заболени во Скопје, меѓу нив војник на АРМ и 14 годишно девојче.

Морбилите се многу многу заразна болест која лесно се пренесува преку допир на кожата или преку вдишување на респираторните секрети. Пациентите болеста може да ја пренесат во првите два дена пред појавата на симптомите и четири дена по појавата на осипот.

Првите симптоми се појавуваат по период на инкубација од 10 дена.
Во април 2011 во Македонија беше прогласена епидемија на морбили. Лекарите и сега стравуваат од појава на епидемија бидејќи вирусот циркулира во воздухот.

Епидемиолозите вината ја наоѓаат во слабиот одзив на вакцинацијата во последните години, поради кампањите против вакцинација во светот, па и кај нас во некои медиуми, но и во пропустите кои беа направени кај одредени генерации деца.

Токму поради ова во 2012 година потфрлила вакцинацијата, а родителите масовно одбивале да ги вакцинираат своите деца и покрај казните од државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.