Вкупно 312 сообраќајни мерки се изречени на територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли. Од нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 77 санкции, 70 за недавање првенство на минување на пешаци, 38 мерки за возење без возачка дозвола, а 34 санкции за возење под дејство на алкохол.
– Изречени се 12 мерки за нерегистрирани возила, 19 санкции за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, седум мерки за возач почетник, пет за користење мобилен телефон, информираа денеска од МВР.
Најавуваат продолжување на засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.