Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје се отвори инвестиција од 103 милиони евра, со 2.500 вработувања

0
By НОВА ТВ on October 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје доби нов, најголем, современ трговски центар „Ист Гејт Мол“, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на свеченоста што се одржа вечерва во пресрет на утрешното официјално отворање на Ист Гејт Мол, лоциран на локацијата на поранешниот Скопски саем.

На настанот присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор и на закупците на трговскиот центар.

-Упатувам честитки на сите, на изведувачите, градежните компании, вработените во „Ист Гејт“ како и на менаџментот за успешната и навремена реализација на оваа огромна инвестиција. Како што најавија кога во март годинава бевме тука, така и остварија. Оваа есен добивме трговски центар од новата генерација, кој го претставува светот на едно место. Со овој проект, Скопје, нашата земја и сите ние, добиваме многу. Ќе доаѓаат домашни посетители, илјадници туристи од регионот и пошироко, и тука на едно место ќе најдат многу реномирани брендови. Она што е значајно за домашната економија, е дека ќе се вработат и над 2.500 наши граѓани, рече Заев, посочувајќи дека 90 проценти од компаниите кои работеа се домашни и целиот објект го завршија во рекорден рок.

Креиравме, истакна Заев, поволен деловен амбиент, за сериозни вложувања, со добро платени работни места. -Сето тоа е препознаено и не случајно и во услови на пандемија се реализираат крупни капитални проекти, како овој во износ од 103 милиони евра. Денес, Северна Македонија е земја со предвидлива бизнис клима, НАТО членка, а тоа значи и сигурност на инвестициите. Сите одлуки кои ги носиме имаат за цел да создадат фер пазарни услови, подобра конкурентност и развој на приватниот сектор, рече Заев.

Трговскиот центар чија бруто изградена површина изнесува 160.000 метри квадратни беше изграден во рок од 26 месеци. „Ист Гејт Мол“ е дел од повеќенаменскиот проект „Скопје Ист Гејт“ и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.