Државите од југот на Балканот решија да се организираат по примерот на Вишеградската група на држави од централна Европа кои во деведесетите години покажа многу кокретни резултати во европскиотте интеграциски процеси. Грција, Македонија, Бугарија и Албанија се догоровија да организираат средби како денешната на минстерско ниво најмалку еднаш во годината а по потреба и на секои шест месеци. Теми на овие средби ке бидат реалицизија на конкретни прокети кои ќе го подобрат секојдневието на граганите од југот на Балканот.
На денешната средба во Солун на која се собраа минстрите за надворешни и внатрешни работи од овие четири држави се разговараше за сите можности кои би можеле да бидат реализирани во блиска идниниан и кои бе довеле до резултати со кои би се подобрил животот на граганите и воедно би се придонело кон градење на атмосфера во однсите мегу овие држави во која поефикасно би се решавале и тешките полтички прашања кои ги оптоваруваат одсноите мегу земјите во регионот. Прашањето на името не беше тема на оваа кофереција. Денеска се разговараше за развој на соработката на различни нивоа , изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
– Целта беше да се најдеме и да се обидеме на заедничките точки да градиме позитивна агенда воглавно фокусирана на соработка на претставници на НВО, на униврзитетите и други академски работници, бизис форум – нагласи Димитров.
На состанокот во Солун министрите за внатрешни работи разговараа за актуелните безбедносни предизвици на југот на Балканот како што се радикалниот екстремизам и тероризмот , организира ниот криминал , шверцот на дрога и борбата против швервот на мигрантите. Министрите за внатрешни работи разговбараа и за бегалската криза и утврдија дека тне постои опаснот од нов бегалски бран кој би ја загрозил безбедноста на регионот.
– Констатиравме дека во делот на мигрантската криза има услови за опстојување на договорот меѓу ЕУ и Турција. Засега немаме сознанија дека мигрантската криза може да доживее зајакнување или дека може да проработи западнобалканската рута, меѓутоа договоривме зајакнување на соработката во таа сфера – додаде Спасовски.
Денешната конфереција во Солун како и петата по ред билатерална средба на минстрите Димитров и Коѕијас мегу другото треба да придонесе за затоплување на грчко македонскте односи кои пред Нова година ги чека големиот предизвик кој ке произлезе од предлогот за компромисно решение кој го подготвува медијаторот Метју Нимиц.

