Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Србија лути на веста дека ЕУ годинава нема да отвора нови поглавја со Белград

0
By Нова ТВ on December 5, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Добри вести! Советот на ЕУ и Европската комисија засега нема да отворат нови поглавја за преговори со Србија“, напиша на Твитер известувач на ЕП за Косово Виола Фон Крамон додавајќи како објаснување дека она што го опиша како „влошување на состојбата на демократијата, напади врз медиумите, насилство против мирните протести и проблематичните избори“ не се патот кон евроинтеграциите.

На оваа вест, како што јави дописникот на МИА од Белград, денес имаше повеќе реакции, а се огласи и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, кој оцени дека европарламентарката Виола фон Крамон е отворено политички инспирирана против Владата на Србија и дека нејзиниот твит „навистина не оди подалеку од политичката пристрасност што стана толку воспоставена меѓу одредени пратеници на одредени политички групи во ЕП“.

– За почеток, нека бидат информирани и прочитајте ја содржината на новата методологија, за која премиерката (Ана Брнабиќ) и јас разговаравме вчера со претседателката на ЕК (Урсула фон дер Лајен), истакна Јоксимовиќ.

Таа нагласи дека треба да биде обликувана што е можно поскоро примената на новата методологија за пристапниот процес на Србија, со што се доцни, бидејќи земјите-членки и ЕК не можат да се усогласат за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, за кои иницијално е создадена новата методологија.

– Поглавјата воопшто повеќе не се основен инструмент на процесот, туку постигнување на критериуми за отворање цели кластери на сродни поглавја, со силен политички надзор над процесот. Можеби за отворање на кластери повеќе нема да биде важно отворањето на одделни поглавја, туку посебен критериум за отворање, или на пр. „track record“ во сите поглавја од кластерот, откако ќе се формира примената на новата методологија за земјите во пристапниот процеc, наведе таа.

Јоксимовиќ додаде дека е важно до крајот на годината да се одржи посебна политичка Меѓувладина конференција за Србија, што е задолжително според принципите на новата методологија по објавувањето на Заклучоците за проширување.

– Затоа, очекувам и им реков на сите партнери во ЕУ дека би било добро до крајот на германското претседателство да се примени тој дел од методологијата што може да се примени во оваа фаза, а тоа е да се одржи политичка Меѓувладина конференција каде на стратешки политички дијалогот ќе се дискутира за пристапниот процес на Србија, напредокот во областите дефинирани од 6-те кластери, би се презентирале најновите позитивни движења на новата српска влада во областа на владеењето на правото и очекувањата и плановите за пристапниот процес следната година, изјави Јоксимовиќ.

Таа исто така посочи дека на 17 декември е закажан состанок на највисоко политичко ниво на Советот за стабилизација и асоцијација, каде исто така ќе биде можно да се анализираат најважните аспекти на политичките и економските односи на Србија како земја во процесот на пристапување и ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.