Српските цариници на граничниот премин „Терминал“ кај Прешево спречија обид за криумчарење на вкупно 4 тони домати и лути пиперки од Македонија.
Тие се најдени непријавени во камион, а увозник е српска фирма од Врање. Биле наменети за фирми во Белград, но сега се задржани од царината.
Против увозникот e покрената прекршочна постапка.