Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Струмица на улица: Академија Пандев го освои македонскиот фудбалски Куп

0
By Нова ТВ on May 22, 2019 СПОРТ
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Академија Пандев ја наследи Шкендија на тронот во фудбалскиот Куп на Македонија. Струмичани во финалето на 27. издание на натпреварувањето ја поразија Македонија Ѓ.П. по подобро изведување на пенали со 4:2. Победник немаше во регуларниот дел (2:2), а мрежите мируваа и во двете продолженија по 15 минути.

Стрелци во основните 90 минути на националната арена „Тоше Проески“ беа Робсон да Силва во 21. минута и Дејан Тантуровски во 84. минута за ѓорчепетровци, Сашко Пандев во 10. минута и Љупче Дориев од пенал во 86. минута за струмичани.

Но, оние што реализираа за Македонија Ѓ.П. од игра (Робсон да Силва и Тантуровски), не успеаја во ударите од белата точка додека „академците“ беа непогрешливи од 11 метри.

„Пандевци“ за првпат играа во финалето на Купот додека ѓорчепетровци по третпат. Во 2006 година ја совладаа Шкендија со 3:2, а во 2009 година загубија на пенали од Работнички.

Ова беше седмо Куп финале во кое победникот беше познат по изведување на пенали. На идентичен начин до пехарот во минатото стинуваа и Силекс во 1994 година, Слога Југомагнат во 1996 година, Цементарница 55 во 2003 година, Работнички во 2009 година, Тетекс во 2013 година и Пелистер во 2017 година.

Вардар со пет освоени трофеи е рекордер во македонскиот Куп, четири има Работнички, три Слога Југомагнат, по два понесоа Шкендија, Силекс, Тетекс и Пелистер, по една победа имаат Победа, Цементарница 55, Македонија Ѓорче Петров, Металург, Башкими и Ренова.

Успехот на Академија Пандев значи и македонски претставник плус во квалификациите за Лига Европа со оглед дека новиот Куп освојувач ќе заврши како трет на табелата до домашното првенство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.