Во трката за градочалнички мандат влегуваат 268 кандидати. Вкупниот број на советнички листи кои до саботата на полноќ пристигнаа до Државната изборна комисија е 350.
Според Комисијата, се уште е рано да излезат со конечните имиња на кандидатите, бидејќи трае рокот за приговори. Тој истекува ноќеска на полноќ.