Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Унгарија протест против законот што забранува геј паради

0
By Marija Todorovska on March 19, 2025 ВЕСТИ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници луѓе протестираа пред унгарскиот парламент во Будимпешта, по усвојувањето на контроверзен закон со кој се забранува одржување на настани поврзани со геј парадата.

Незадоволните граѓани скандираа пароли против владата, а дел од нив го блокираа сообраќајот на еден од мостовите над Дунав, и покрај предупредувањата на полицијата да ја напуштат областа.

Законот, кој вчера беше изгласан во унгарскиот парламент, не само што ја забранува геј парадата, туку и овозможува употреба на софтвер за препознавање лица со цел идентификација на учесниците, кои потоа би можеле да бидат казнети. Владата на премиерот Виктор Орбан тврди дека мерката е неопходна заради „заштита на децата“, а средствата од казните ќе бидат наменети токму за таа цел.

Ако морам да бидам искрен, ова е застрашувачко. Во Русија бевме во иста ситуација – вакви закони се воведуваа постепено, а сега истото се случува и тука, изјави Евгени Белјаков, руски имигрант во Унгарија, кој побегнал од репресиите во својата татковина.

Организаторите на Парадата на гордоста во Будимпешта ја обвинија владата дека со овој закон сака да ја претвори ЛГБТИ заедницата во „жртвено јагне“ за да ги замолчи критичарите.

Ова не е заштита на деца – ова е фашизам, соопштија организаторите на парадата, која секоја година привлекува илјадници учесници.

Портпаролот на Парадата Јојо Мајерчик, истакна дека, и покрај долгогодишните напори на Орбан да ја дискредитира ЛГБТИ заедницата, јавната поддршка за нивната кауза значително се зголемила.

 Оваа година многу луѓе ни пишуваат дека првпат ќе дојдат на Прајд – велат дека не им било важно досега, но сега ќе бидат таму и ќе ги донесат и своите семејства, рече Мајерчик.

Овој закон е само последниот во низата мерки против ЛГБТИ заедницата во Унгарија, каде владата на Орбан веќе има донесено рестриктивни закони кои многумина ги сметаат за репресивни кон малцинствата.

Будимпешта геј паради ЛГБТ Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.