Заврши Централниот одбор на СДСМ. Одлуките на двете највисоки партиски тела на оваа партија – Централниот одбор и Извршниот одбор, ќе ги соопшти портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска:
Според информациите пред завршување на високите партиски тела, Заев не се откажувал од намерата да си замине од лидерската функција во СДСМ, како и од претседателската позиција во Владата. Како негов иден наследник се споменува актуелниот заменик – министер за финансии, Димитар Ковачевски.