Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ангелов: Со 500 илјади евра државата конечно ќе може да ги затвори прашањата за воените инвалиди и семејствата на загинатите во 2001

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со сума од 500 до 600 илјади евра државата конечно ќе може да ги затвори прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година, вели Ангелов

На денешната прес-конференција на Достоинство ја информиравме јавноста за одржаната средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и разговорот со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во врска со напредокот на Иницијативата за праведно обесштетување на четворица ранети, повредени и трауматизирани Бранители од 2001-та кои со камата го враќаат назад на државата земениот паричен надоместок на нематеријална штета, објави на својот Фејсбук профил Стојанче Ангелов. 
Тој денеска информираше дека в понеделник повторно пред Владата ќе ја претстават нивната иницијатива и доколку таа не биде прифатена, ќе поднесат предлог закон  во Собранието.

– Оваа недела делегација на Достоинство оствари средба со Мицкоски на која наидовме на разбирање и недвосмислена директна поддршка за решавање на овој проблем. Свесни дека оваа иницијатива повторно може да заглави во владините лавиринти и покрај неспорно позитивната волја на клучните фактори во Владата, ние најавивме и изработка на Предлог-закон за надминување на овој проблем. Законот е во завршна фаза. Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добивме уверување и гаранција дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на овој закон, рече Ангелов

Тој изјави и дека вчера телефонски разговарал со премиерот Димитар Ковачевски, кој, како што рече, исто така дал неспорна поддршка за оваа иницијатива, која треба да ги помине владините процедури.

– Останува нашето барање за средба со премиерот Ковачевски во следниот период на која што ќе ја разгледаме оваа иницијатива и можност да помине во владина процедура. Но, доколку повторно не успееме да ја поминеме во владина процедура оваа иницијатива за четирите воени инвалиди коишто со законска камата ја враќаат назад на државата земената оштета, ќе ја предложиме во Собранието како Предлог-закон. Прашање е дали да ја внесеме како граѓанска иницијатива со десет илјади потписи или со поддршка на одреден број пратеници, посочи Ангелов.

Освен оваа, Ангелов вели дека Достоинство изработило уште една иницијатива која што исто така беше пуштена во владина процедура, но не наиде на некој почетен успех, бидејќи во неа се работи за праведно обесштетување на 17 семејства на загинати бранители и на 30 воени инвалиди, коишто за жал до ден денес се уште се необесштетени.

– За првата иницијатива за оштетата која што ја враќаат четирите воени инвалиди имавме отворена поддршка и од факторите на ДУИ во Владата, додека за втората иницијатива со нив немаме разговарано, поради што бараме средба со сите политички фактори коишто го чинат македонското Собрание, да ги разгледаме овие две иницијативи, рече Ангелов.

Тој потсети дека Владата веќе со по 70 илјади евра го обесштети семејствата на загинатите полицајци во акцијата на кумановско Диво Насеље и со достоинствен надоместок сите ранети во акцијата.

– На тој начин ги стави во нерамноправна положба оние бранители, односно семејствата на оние бранители коишто загинаа во крвавата 2001 година. Кога веќе државата исплатила поголем дел од воените инвалиди и поголем дел од семејствата на загинати не треба да ги оставиме во нерамноправна положба оние семејства на загинати и оние воени инвалиди кои до ден денес не се исплатени, нагласи Ангелов.

Тој посочи дека со сума од 500 до 600 илјади евра државата, како што рече, конечно ќе може да ги затвори прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година.

Стојанче Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
ФОКУС

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

ВЕСТИ October 15, 2025

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата…

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.