Со почеток во 11:30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за финансии Фатмир Бесими, на којашто ќе го образложи Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Предлог-буџетот за 2022 година Владата го усвои во саботата, но не беше презентиран поради изборниот молк.