Германскиот канцелар Олаф Шолц , претпладнево птрестојува во официјална посета на Северна Македонија која се реализира во рамки на пошироката балканска турнеја. Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници за надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Со оглед на рангот на посетата, на платото пред Владата се организира дочек со високи државно-воени почести.