Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВОА: Резултатите од изборите во Вирџинија и Њу Џерси се лош знак за Бајден

0
By НОВА ТВ on November 4, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Републиканците победија во трката за гувернер на Вирџинија, додека во Њу Џерси загубија „за влакно“ и тоа не е добар знак за актуелниот претседател Џо Бајден пред конгресните избори во 2022 година, наведува Гласот на Америка.

Републиканецот Глен Јангкин го победи поранешниот демократски гувернер на Вирџинија, Тери Мекаулиф.

Јангкин доволно се огради од поранешниот претседател Доналд Трамп за да ги придобие умерените гласачи, кои гласаа за Бајден на последните претседателски избори.

Во Њу Џерси, актуелниот демократски гувернер Фил Марфи во тесна трка го победи републиканецот Џек Катарели, иако во таа земја има дури милион повеќе регистрирани демократски гласачи од републиканците, јавија американските медиуми.

И двајцата републиканци добија многу гласови во предградијата, од неопределените гласачи, на кои не им се допаѓаше политиката на Трамп.

Од друга страна, Бајден лесно ги освои и Вирџинија и Њу Џерси на претседателските избори, а овој развој на настаните може да го загрози демократското мнозинство во Конгресот кога целиот Претставнички дом и третина од Сенатот ќе бидат избрани во 2022 година.

Доколку републиканците добијат мнозинство само во еден од двата дома на Конгресот, тие ќе можат да го блокираат усвојувањето на законите на Бајден. Исто така, поразот на демократите во Вирџинија му дава шанса на Трамп да го критикува Бајден и повторно да ја почне изборната трка во 2024 година.

Бајден, чиј рејтинг минатата недела беше најнизок откако стана претседател, не ја презеде директно одговорноста за изборниот пораз.

-Луѓето се вознемирени и несигурни за многу работи, од Ковид-19, преку училиште, до работа, па дури и колку чини галон бензин. Доколку Конгресот ја усвои мојата иницијатива „Повторно да изградиме подобро“(Build Back Better), ќе бидам во позиција да поправам многу нешта и тоа многу брзо, рече американскиот претседател.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.