Армијата на Република Македонија по долги години повторно го стави во функција воениот брод, за нејзините потреби и активности.
Воениот брод на македонската морнарица кој беше на ремонт на брегот, беше спуштен во водите на каналот Студенчишта во Охрид.
Морнарицата имаше два вакви воени брода,но подоцна во Охрид остана само еден од кого беше отстрането вооружувањето.