Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Волерс: Храброста и лидерството ќе ги премостат предизвиците

0
By Нова ТВ on July 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс, во обраќањето синоќа на приемот по повод 237-та годишнината од независноста на Америка порача дека македонските граѓани немаат поголем пријател од САД:

-Граѓаните на Македонија го сакаат она што сите го сакаат: посилно, побезбедно и попросперитетно општество. Сакам да знаат дека додека работат во насока на остварување на тие цели, уште од независноста на земјата, тие немаат и немале поголем пријател од САД. Како што веќе сум кажал, нашето пријателство не е површно. Вие сте биле наши партнери на опасни места, како во Ирак и во Авганистан, заради остварување зеднички цели. Ние сме биле со вас кога не било лесно.

– САД ги поддржуваат граѓаните на Македонија заради тоа што ги споделуваме вашите цели и соништа, како што беше во 1991 година, која ја поддржавме вашата независност, во 1993 и во 1994, кога работевме за да ги заштитиме вашите граници, во 1998 кога помогнавме во преговорите да се стави крај на економското ембарго, во 2001 кога помогнавме да се стави крај на конфликтот. Во 2004 кога ве признавме под вашето уставно име и во 2008 година кога воопшто не беше лесно, но претседателот на САД се бореше за вас до последниот момент на Самитот на НАТО во Букурешт, рече амбасадорот Волерс.

Тој нагласи дека продолжува поддршката од САД и како што рече има и пречки и разочарувања, но, истакна, успехот ќе дојде и САД ќе бидат со вас:

– Не сакаме ништо повеќе од тоа да ја видиме Македонија да успее како мирна, толерантна, просперитетна и безбедна земја – членка на Евро-атлантската заедница, изјави Волерс, пред многубројните гости (1.200), меѓу кои претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, спикерот Вељановски, министри, пратеници, амбасадори, бизнисмени, претставници на верските заедници и новинари.

Амбасадорот Волерс оцени дека храброста и лидерството ќе ги надвладеат сегашните предизвици што стојат на патот, како што беше случај, ” со мојата земја пред 237 години”, додаде американскиот амбасадор.

– Сум сретнал многу луѓе во оваа земја и знам дека тие квалитети се тука, на толку многу места и знам дека ќе успеете, рече меѓу другото амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.