Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”, годинава ја добија публицистот Волф Ошлис и новинарката Паца Лазарова за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.
Министерството за култура денеска соопшти дека тоа е одлуката на Одборот за доделување на наградата на седницата одржана на 5 декември.
Проф. д-р Волф Ошлис ја добива наградата за остварување во областа на публицистиката, а Паца Лазарова за остварување во областа на новинарството.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2013 година, во Собранието на Република Македонија.