Најмалку шест лица, меѓу кои пет тинејџери на возраст од 17 и 18 години, се убиени во вооружен напад во централно Мексико, соопштија локалните власти.
„Со тага ве информирам дека шест лица ги загубија животите“, изјави Цезар Прието, градоначалник на Саламанс, во државата Гуанахуато, каде што се случи нападот во близина на основно училиште.
Вооружена група пукала во учениците, како и врз 65-годишен минувач, соопшти полицијата.
Мотивот за нападот не е познат. Државата Гуанахуато е центар на мексиканската нафтена индустрија, како и еден од деловите во земјата со најмногу насилство.
Кон крајот на мај, во вооружен напад во хотел во градот Челаи, трет по големина во мексиканската држава, загинаа осум жени и тројца мажи.