Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Восхит и фасцинација од математичката прецизност на премиерот, светски пример за реформи! А што се случи со 250-те милиони евра за општините?

0
By Marija Todorovska on February 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Значи, не може тоа туку така – да се пиело нескафе или да се јаде хамбургер еднаш месечно или почесто. Не можете да си дозволите такви луксузи, да бидете прејадени!

Џабир Дерала 

Се восхитувам од математичката прецизност и брзината со која се спроведуваат најважните реформи во Нашата земја. Погодувате, се работи за „кошничката“ на работничката класа. За оние што треба да знаат колку можат да јадат и да пијат, за да можат да работат и да дадат некаков придонес кон општеството.

Значи, не може тоа туку така – да се пиело нескафе или да се јаде хамбургер еднаш месечно или почесто. Не можете да си дозволите такви луксузи, да бидете прејадени!

Мора да има ред, и таа кошничка мора да се редефинира. Затоа, напорите на премиерот ме восхитуваат и она што колегата Костовски во анализата го нарекува ЛОГИКАТА НА МИЦКОСКИ, треба да бидат модел за сите останати реформи кај нас, во соседството и секаде во светот каде што се потребни некакви реформи.

Пред сè, тие (реформите) мора да бидат математички прецизно спроведени. И логични – би  додале експертите, да им носат благосостојба на граѓанките и граѓаните – би рекле невладините.

КАДЕ СЕ 250 МИЛИОНИ? 

Понатаму, фасциниран сум од дискрецијата на локалните и централните власти околу тоа колку молчат за 250-те милиони евра „унгарски креди“ (знаеме од каде се парите, де) наменети за општините. На почетокот имаше многу врева, па апликации за проекти… Но сега немаме информација за тоа што навистина се случува на теренот.

Еве, нестрпливи се изведувачите и подизведувачите, оние што на општинско ниво редовно ги добиваат тендерите – по заслуги, се разбира, знаеме какви. Но не можеме да видиме што навистина се случува.

Тоа е дискреција! Тоа е професионализам!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Мицкоски Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.