Утринава возот кој сообраќај од Битола кон Скопје прегази човек. Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил во четири часот утринава.
Несреќата се случила на еден километар откако возот ја напуштил железничката станица во Прилеп.
Полицијата извршила увид, а телото е предадено на обдукција. Се уште не се знае дали се работи за самоубиство или несреќен случај.