На крстосницата од улицата „Александар Урдаревски“ со сервисна улица што ја поврзува со улицата „Петар Манџуков“, патничко возило удрило во 67 годишен човек со иницијали С.С. од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.
Како што известуваат од МВР, С.С. се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, информираат од полицијата.