Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Воздушен штит“ во Европа- американскиот „Raptor“ доаѓа во Полска

0
By Mirjana on July 29, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воздухопловните сили на САД испраќаат ескадрила од своите авиони Ф-22 „Raptor“ во Полска, како дел од нивната поддршка за мисијата „воздушен штит“ на НАТО. Целта, како што пренесуваат медиумите, е да се одвратат потенцијалните руски закани во Источна Европа.

Вкупно шест ловци Ф-22 од 90-та борбена ескадрила неодамна се преселиле од нивната домашна база Елмендорф, Алјаска во базата на британските кралски воздухопловни сили во Лејкенхит. Според официјалното соопштение на претставниците на командата на американските воздухопловни сили во Европа и Африка, „шестката“ наскоро ќе се пресели во 32-та тактичка воздухопловна база во Полска.

Како што пишува Јутарњи лист, уште пред почетокот на руската инвазија на Украина, САД префрлиле осум ловци Ф-15 Игл од Лејкенхит во Луск, како дел од истата мисија „воздушен штит“, како напреден елемент на одбраната на НАТО.

Одлуката за испраќање ловци Ф-22 е многу важна бидејќи се работи за најопасниот борбен авион во светот, кој Пентагон го смета за стратешки ресурс. Станува збор за невидлив авион опремен со најсовремени технологии, кој е забранет за извоз и кој досега беше исклучиво одговорен за одбрана на територијата на САД.

„Raptor“ е критична компонента на глобалната оперативна група за удар, дизајнирана да проектира надмоќ на воздухот, брзо и на долги растојанија, за да ги надмине заканите што стојат на патот на Армијата, морнарицата и маринците – се вели во соопштението.
Не може да го надмине ниту еден познат или планиран борбен авион, што го прави високо стратешка платформа за поддршка на НАТО.

Raptor е првиот ловец од петтата генерација кој влезе во сериско производство, нарачан исклучиво за потребите на американското воено воздухопловство, кое сакаше авион дизајниран да постигне апсолутна воздушна супериорност.

Многубројните борбени способности на Raptor сè уште се чуваат како строга тајна, а на пилотите им е забрането да изведуваат одредени акции и маневри за време на јавни демонстрации, па дури и за време на заеднички маневри со сојузници од други земји.

Распоредувањето на највредното оружје на американските воздухопловни сили во Полска е резултат на планот за зајакнување на европската одбрана договорен од лидерите на НАТО на самитот во Мадрид, како дел од кој алијансата се надева дека ќе ја одврати руската агресија преку границите на НАТО со зголемување на своите сили во источна Европа.

„РАПТОР“ ДОАЃААТ ВО ЕВРОПА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.