Вчера, 11 ноември, околу 13 часот и 30 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило удрило во 42-годишниот велосипедист Б.Ј. од Тетово и го напуштило местото на несреќата. Повредениот велосипедист пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.