Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вознемирувачко видео: Полицијата ги „чисти“ улиците во Каиро

0
By Нова ТВ on August 14, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Претставници на исламистичкото движење Муслиманско братство тврдат дека повеќе од 100 луѓе се убиени а над две илјади поддржувачи на отстранетиот претседател Мохамед Морси се повредени при растурањето на нивните кампови каде неколку недели се протестираа со барање за негово враќање на должноста.

„Повеќе од 600 загинати и 2.000 ранети”, се наведува во информацијата на Муслиманското братство поставена на мрежата за микроблогирање Twitter.

Според информации на интернет изданието на каирскиот дневен весник Al Ahram, според последните податоци на министерството за здравство во акцијата на полицијата и судирот што избувнал подоцна, загинало едно лице а 24 се повредени. Меѓутоа, извори на Муслиманското братство од импровизираната болница на плоштадот Рабаа велат дека бројот на жртвите се зголемил на 121. Жртва е пријавена и во Гиза.

Министерството за внатрешни работи на Египет, потврди дека се убени двајца полицајци, тврдејќи дека исламистичките демонстранти отвориле оган врз нив.

Египетската полиција по дводневно одложување, во средата наутро тргна во расчистување на двата кампа на приврзаниците на Муслиманското братство во близина на зоолошката градна во главниот град Каиро и на плоштадот Рааба ал-Адавеја.

Репортерот на AFP изброил 17 тела на загинати наредени во импровизираната мртовечница на плоштадот Рааба ал-Адавија, додека репортерите на Reuters од теренот јавуваат за вкупно 15 убиени.

Муслиманското братство повика во средата „сите Египќани да се симнат на улиците и да го спречат масакрот”. „Не станува збор за растерување, туку обид за крваво задушување на секој глас кој се спротиставува на државниот удар. Рааба ги повикува сите Египќани да се симнат на улиците и да го запрат масакрот”, напиша на Twitter Гехад ал-Хадад, портпаролот на Муслиманското братство.

Демонстрантите бараат враќање на должноста откако беше отстранет од функцијата по 48-часовниот ултиматум што му го даде армијата да ги седне на преговарачка маса сите страни во земјата по неколкумесечните протести со кои се бараше негова оставка, екс-претседателот Мохамед Морси од 3-ти јули се наоѓа во домашен притвор.

Против него се спроведуваат во моментов неколку истраги, за бегство од затвор, предавство на државата, нанесување економски штети. Претходно на поранешниот претседател и на другите високи функционери на неговото исламистичко движење Муслиманско братство им беше забрането патување во странство, а исто така беа блокирани и нивните сметки во домашните и во странските банки.

Една од причините за масовните протести и безредија против Морси беше и подготовката на текстот на новиот устав на Египет кој беше донесен под влијание на мнозинството од исламистичките партии и лица од Муслиманското братство, на кое припаѓа и екс-претседателот Морси, што мина многу бурно.

Либералната и секуларна опозиција, како и претставниците на христијанската Коптска црква, чии припадници сочинуваат над 10 отсто од египетското население, се повлекоа од комисијата задолжена за подготовка на тој устав, поради надвладувањето на исламистите, кои според нив во уставот на земјата ги имплементирале строгите прописи од шеријатското право, коишто ги ограничуваат првата и слободите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.