Катастрофална заинтересираност на граѓаните за обновената железничка линија помеѓу Скопје и Куманово. Првичните податоци покажуваат дека интересот на граѓаните е очаен пишува Попладневниот воз што вчера тргнал од Скопје во 16:30 часот, според информациите од железничките работници, имал само еден патник.
Иако оваа железничка линија се смета за економично возење помеѓу двата града со цена на билет од 87 денари сепак граѓаните немаат навика да се возат со воз.
Очекувавме барем во првите недели да има поголем интерес, бидејќи цената на билетот е поволна, но за жал, тоа не се случува. Луѓето веројатно се навикнати на автобускиот превоз, а и железничкиот сообраќај долго време беше во лоша состојба, па сега им треба време да стекнат доверба, изјавил вработен во железничката станица во Скопје за Денар.мк
Возот сообраќа двапати дневно – утринскиот поаѓа од Куманово кон Скопје во 06:30, додека повратната линија е во 16:30 од главниот град кон Куманово. Денар.мк.