Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Возовите од патничкиот и товарниот сообраќај останаа на пероните – машиновозачите и нивните помошници почнаа штрајк

0
By Mirjana on March 15, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје информира дека од 15:00 часот денеска почнат е, како што велат, незаконски штрајк од страна на машиновозачите и помошниците машиновозачи во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје. Започнувањето на штрајкот од страна на машинскиот персонал писмено не е најавен.

Со почетокот на штрајкот не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај.

Со наредно соопштение подетално ќе Ве известиме кои возови почнувајќи од 16.03.2022 година не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај, со име и презиме на машиновозачот и помошникот машиновозач кои требале да ги опслужуваат наведените возови.

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека во услови на пандемија, енергетска и светска безбедносна криза, редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија и нафтата, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење.

Железници на Република Северна Македонија напоменуваат дека на вработените им ја имаат во целост исплатено платата за месец јануари 2022 година.

Железницата како крвоток и битен сегмент во извршување на превозот на патниците и стоките во Републиката и надвор од неа со целосниот прекин на железничкиот сообраќај им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на Република Северна Македонија и на целокупното стопанство на Република Северна Македонија.

На крајот, напоменуваме дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  ЗРО и  Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и истиот не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите кои имаат примено вкупен паричен надоместок за месец Ноември 2021 година во просечен износ од 48.092,00 денари, за месец Декември 2021 година во просечен износ од 49.926,00  денари, за месец Јануари 2022 година во просечен износ од  55.097,00 денари, односно Тромесечен просек за периодот 11 и 12/2021 година и  01/2022 година во износ од  51.038,00 денари.

Во тој контекс, Ве известуваме дека платата на Машинскиот персонал континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на Железничкиот сообраќај во кој тие се главни носители.

Во таа насока, Ви посочуваме дека платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходното зголемување на трендот на платите на категоријата Машински персонал (Машиновозачи и Помошници машиновозачи).

За споредба само сакаме да Ви посочиме дека платата на еден Дипломиран инжинер во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје кој не е на раководна функција изнесува околу 28.000,00-29.000,00 денари.

Исто така на крај, ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека Управата за сигурност во железничкиот систем изврши Инспекциски надзор за штрајкот кој беше организиран од страна на машинскиот персонал на ден 27.01.2022 година и притоа истата констатира дека организираниот штрајк од страна на машиновозачите не е легитимен.

ЖЕЛЕЗНИЦИ ШТРАЈК МАШИНОВОЗАЧИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.