На 16.06.2022 околу 07.30 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во една соба во приватен комплекс бил пронајден починат вработениот Т.К. (48) од с.Радово, струмичко. Лекар од Медицински центар Маврови Анови констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.