Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените од ИЈЗ кои деноноќно вршат тестирања се изборија за своите плати

0
By Менче Атанасова Точи on April 23, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По неколку варијанти на Колективен договор и неколку месечни преговори, денеска вработените се согласија за верзија со која на никого нема да се намали платата, а министерот Филипче ветил дека ќе го потпише тоа за што тие ќе постигнат договор, а не е надвор од законските рамки

Околу 80 вработени од Институтот за јавно здравје денеска се собраа на состанок, незадолни од тоа што се уште не е изготвен Колективниот договор и се уште не земале плата за март, дознава НОВА. Според информациите на НОВА, на состанокот предводен од Самостојниот синдикат при ЈЗУ, Институт за јавно здравје, вработените биле со маски на лицето и одделечени на 2 метра, за да ги испочитуваат протоколите за кои самите се залагаат.

Вработениот медицински персонал и лекарите во Инстутутот за јавно здравје кој сега, во услови на пандемија со коронавирусот функционира 24/7 и таму се изработуваат брзите тестови, земаат помали плати од другите ЈЗУ и останатите Институти. Тестовите се работат и за време на празници и секој ден во три смени.

Извори за НОВА велат дека незадоволството отишло до таму што петмина микробиолози дури најавиле дека ќе си заминат од ИЈЗ. Предлог Колективниот договор изготвен од страна на Министерството за здравство, а по предлог на ФЗОМ кој им бил доставен, не ги задоволил барањата и критериумите, а со него од 115 вработени платите остануваат намалени на 75, наместо да се зголемат на сите. Собирањето на вработените од ИЈЗ ги вознемири вработените во Министерството за здравство каде што се наоѓаат нивните простории, сметајќи дека се работи за протест.

Претседателот на Самостојниот синдикат, Борче Андоновски вели дека не станува збор за никаков протест. Тој вели дека состанокот се одвивал мирно и конструктивно, а директоно бил преку видео бил вклучен и министерот за здравство Венко Филипче.

„Министерот рече дека се запознаени и дека има расположение да се реши проблемот. Тој беше кооперативен, рече дека дека она што ќе се договориме на состанокот и како ние ќе го договориме Колективниот договор, тој тоа и ќе го потпише, денес или утре“, изјави Андоновски за НОВА.

Тој вели дека сега се е во рацете на министерот, помината е и систематизацијата, изготвени се сите акти и не треба да има проблеми за понатаму.

Пред еден месец, министерот Филипче ги посети вработените во одделот за вирусологија каде што се вршат тестирањата и се пофали дека се тоа хероите коис е деноноќно на работа.

„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, порача тогаш министерот, на фејсбук.

Институтот за јавно покрај вирусолошките тестови, работи на унапредување на здравјето и општата благосостојба на населението преку научно базирани сознанија, и  одржливи јавно здравствени политики. Акредитирани се за околу 70 методи за тестирање и 4 методи за калибрација, има и Сектор за контрола и испитување на лекови, за испитување на храна (квалитет и безбедност – микробиологија, пестициди, тешки метали, микотоксини, радиологија), вода за пиење, минерална вода и површинска вода (квалитет и безбедност, содржина на гама-радионуклиди, алфа и бета активност), почва и атмосферски талози, градежни материјали,  лекови и предмети за општа употреба (играчки, пластични предмети и керамика) и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Лабораторијата за калибрација е акредитирана за калибрација на инструменти за детекција на јонизирачко зрачење.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.