НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во УПОЗ и денеска од 10 – 12 часот ќе прекинат со работа во знак на револт за ниските плати

0
By Mirjana on April 8, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Членовите на Синдикатот на УПОЗ од Општина Карпош
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во управата и правосудството вчера два часа ја прекинаа работата, а истото ќе го сторат и денес. За понеделник генерален штрајк најавија и вработените во образованието, науката и културата. Се бара исплата на минималната плата според законот и усогласување на останатите плати со минималната. Од Владата се согласни дека треба да има зголемување на платите, но сметаат дека тоа не треба да се направи наеднаш затоа што може да предизвика инфлација.

Според синдикатите, барањата се реални и неопходни, а незадоволството кај членството е се поголемо.

– Не бараме многу. Бараме линеарно зголемување на сите плати до 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата. Ситуацијата не е одржлива. Сите вработени добија под минимална плата. Редно време е Владата да најде средства и да ги зголеми еднаш за секогаш платите во администрацијата, изјави вчера претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски, најавувајќи дека ќе бараат модели на изразување незадоволство со кои ќе ги заштитат вработените да не бидат казнети од страна на работодавачите.

Од друга страна, премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека платите треба да растат, но не наеднаш затоа што тоа може да предизвика инфлаторски притисок.

– Сметам дека треба да се зголемуваат сите плати, меѓутоа тоа зголемување на платите треба да се прави низ методолошка рамка којашто нема да биде направена веднаш во еден момент затоа, што тоа може да предизвика дополнителен инфлаторен притисок од кој никој нема да има полза со оглед на тоа што зголемена инфлација само ќе ги изеде приходите коишто ги имаат работниците. Од таа причина и МТСП и вицепремиерот за економски прашања и министерот за финансии и министерот за образование се во постојани разговори со сите синдикати коишто покриваат различни гранки од општеството, изјави Ковачевски.

Тој смета дека решенијата треба да се бараат преку преговори за сите страни да бидат задоволни, а не прво да се организираат протести и штрајкови.

– Не е добро за економско-социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, а потоа под притисок да се доаѓа на разговори со Владата. И во такви услови, Владата разговара нормално со сите претставници на синдикатите и јас сум сигурен дека на крајот на денот ќе изнајдеме решение коешто ќе биде на взаемно задоволство и на работниците и на оние кои ги плаќаат даноците за да се исплаќаат тие плати, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, вработените во јавниот сектор кои немаат добиено минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе поминат законските решенија кои тоа треба да го овозможат.

– При носењето на законското решение за минимална плата од 18 илјади денари, кажав дека сите вработени во јавниот сектор ќе ја добиваат. За тоа е потребно да се изменат одредени закони кои во моментов не се изменети и се во собраниска процедура. Владата минатата недела донесе заклучок со којшто ќе биде овозможено оние кои нема во овој месец да ја добијат платата до 18 илјади денари, таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесе законот соодветен за административни службеници, рече Ковачевски.

По двете неуспешни средби со Владата, в понеделник, генерален штрајк најавува и Синдикатот за образование, наука и култура. СОНК бара веднаш зголемување на платите за 18,4 проценти и потоа усогласување на останатите плати со минималната плата. Неизвесно останува одвивањето на наставата во училиштата и згрижувањето на најмалите во градинките.

Од Министерството за труд и социјална политика под чија надлежност се градинките велат дека сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја извршуваат својата дејност на згрижување и воспитание на децата како и досега.

– По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк, вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на установите и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните, односно треба да биде обезбедено непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, информираа вчера од Министерството за труд и социјална политика.

И премиерот Ковачевски вчера порача дека местото на учениците е во училиштата.

– Училиштата, МОН, општините – кога се работи за основно образование, треба да го организираат работниот процес, бидејќи децата мора да имаат образование. Особено затоа што излеговме од период на пандемија речиси по две години кога децата мораа да седат дома, рече Ковачевски, изразувајќи надеж дека во наредниот период ќе биде изнајдено решение со синдикатот.

Минатата среда, предупредувачки протест одржа и Конфедерацијата на слободни синдикати. Барањата се исти – исплата на минимална плата и усогласување на останатите плати.

Сојузот на синдикати на Македонија вчера ги објави и податоците за синдикалната потрошувачка кошничка во март. Според овие податоци, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави ССМ, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.

– Од почетокот на годинава потрошувачката кошничка е зголемена за 1.000 денари, а во однос на претходната година во месец март е зголемена за 3.000 денари. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоцита и кај превозот, што значи си продолжува растот на истата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Статистичките податоци што вчера ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во март трошоците на живот се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти.

УПОЗ ЌЕ ПРОТЕСТИРА И ДЕНЕСКА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.