Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вредеше нашата жртва: честитка до МПЦ од осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени

0
By Соња Крамарска on May 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Емилија Александрова беше една од осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за уставната измена за името на државата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со честитка се огласи и групата од осумте пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои во 2018 година гласаа за уставните промени, односно за промена на уставното име на земјава, од каде посочуваат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат заслуги за она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вреди секоја жртва.

Оттаму ја честитаат одлуката за автокефалност на МПЦ-ОА и велат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат удел во она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вредела секоја жртва.

„Овој сон конечно станува реалност и денешниот голем празник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет. Сите ние со гласот „за“ Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва“, стои во честитката од осумте пратеници.

Да се гледа кон иднината, додаваат оттаму, не е секогаш едноставно, но додаваат оти само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба.

„Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме“, додаваат оттаму.

Во групата од осумте пратеници кои гласаа за уставната промена на името на земјава се: Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова.

осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ честитка до МПЦ-ОА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.