Срџан Амет: Огорчени сме веќе од затворени врати, од системската дискриминација, огорчени се помалите етнички заедници, но Ромите се во најголем број… Време е да застанеме рамо до рамо со сите други и да се носиме со тоа што го имаме во нас и да донесеме заеднички промени во овој град. Во најмала рака сметам дека мојата кандидатура ќе ја разбуди малку свеста и ќе ја разбие стигмата околу ромската заедница и исклучително околу помалите заедници дека доста е дека можеле да бираат, туку дека може да бидат и избирани во некакви процеси, бидејќи помалите заедници и Ромите се воделе исклучително како статистика – кој гласал, за кого гласал за поголемите политички партии – епа доста е веќе тоа
Извор: ЦивилМедиа