Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Време на џуџиња

0
By Биљана Секуловска on November 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогаш кога хрватскиот писател и колумнист на “Слободна Далмација” напиша дека “Добрината, трудот и патењето сепак на крај се наградени”, се разбира дека мислеше само на тенисерот Марин Чилиќ и на ретките јавни личности, чии успеси навистина зависат од нив и од никој друг, но се изразени во бројки во натпревар каде сведоци се стотици милиони луѓе, а каде дури и злите судии зависат од материјалниот доказ кој сурово го соопштува компјутерот.

Затоа што, погледнете го самиот Анте Томиќ, јасно е се. Беше потурен со кофа полна со измет, на сред неговиот роден Сплит, во градската кафеана, од некој идиот кој полицијата нормално дека никогаш не го најде.

Па нормално, кога Анте Томиќ ви е ист онаков предавник во својата земја, како и некои од нас, тука- предавничка багра која на секој можен начин, во разни форми е посипувана со кофи и кофи измет со години и никој за тоа не одговара, нормално! Затоа што веројатно ќе треба да се поапсат и себе, како нарачатели, а не само извршителите, чии глави одамна се во кофите, само провируваат од време на време, колку да изгнасат со своето присуство.

Ете затоа, последната вест за Монографијата на ФДУ која слави 45 години постоење и не е вест, да не се лажеме. Кога го прочитав статусот на Фејсбук на режисерот Слободан Унковски, за тоа дека во таа Монографија ставиле една реченица за неговото творештво, повторно се сетив дека навистина само за Марин Чилиќ и за малкумина може да се констатира дека нивната добрина, труд и патење сепак не може да не бидат наградени.

Да беше Унковски оставен сам со својата агонија за која пишува Томиќ, на некој тениски терен како УС Опен, победата и славата ќе зависеше само од него, ниту една светска Монографија немаше да може да го прескокне тој очигледен резултат во бодови, но не ви гарантирам за домашното издание, ако воопшто се осмелите да ја вброите во светски монографии.

Со нетрпение ја очекувам Монографијата, да видам колку букви добил режисерот Владе Милчин, како “докажан предавник”, што не беше доволно за оние со кофата, па беше неопходно да биде и лустриран. Во реченицата за него не очекувам ни запирка повеќе, затоа што сепак тоа би било премногу простор, после толку многу вложен труд да биде шиканиран и прогонуван.

Без професорите Милчин и Унковски не е прашањето дали ќе имавме сиромашен театар. Ние ќе немавме воопшто театар. Ова тие џуџиња од ФДУ и не се очекува да го знаат. Тие само добиле инструкција да го прогласат за мртов македонскиот идентитет.

Конечно, би сакала да видам и што ќе се случи во таа славна Монографија и со актерот Данчо Чеврески, како поминал кај своите колеги после лустрацијата, за која да ги прашаш властите, ќе ти кажат со гордост дека е смртна пресуда, од која ни поколенијата нема да можат да се извлечат. А како поука за непослушните, е сервиран најновиот случај со заканите на Томе Аџиев за бркање на професорот Фрчкоски од Правен факултет.

Едноставно, ова е време на џуџиња. Не знам, можеби тие мислат дека нивната мизерна историја почна тогаш кога Антонио Милошоски го опиша Блаже Конески како “џуџето од Небрегово”. Да го прашате Конески, веројатно би одмавнал со раката и би продолжил десно, штом тие лево ќе фатат. Тој не гледаше поинаков спас од болните луѓе што се накажани, та не се криви. Бараше само да биде спасен од нив, а Бог нивната злоба умерено да ја суди- самите од неа одвај се живи.

Но, тие не знаат дека заради таа привилегија, да си надвор од нивното друштво, заради борбата да си надвор од нивните Монографии, нивните фабрикувани истории, да си со своите, меѓу лустрираните, непослушните, заради сето тоа вреди да се живее во овој- како вели Анте Томиќ- поган свет, ете, тоа е наградата за добрината, трудот и патењето.

Фото: Наслов во францускиот весник “Le point”- “Македонија, држава која не постои”, во која се опишува проектот Скопје 2014 за да се долови интенцијата за промена на македонскиот идентитет

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.