Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Време за вистински патриотизам

0
By Борјан Јовановски on October 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без разлика на исходот од гласањето во недела, СДСМ на овие локални избори е големиот победник. Оваа победа на реформски ориентирана политичка опција влева надеж дека промените во насока на градење на демократско општество наскоро ќе бидат реалност. Сепак овој неочекуван триумф на СДСМ може да се претвори и во генератор на еуфорија која ќе ја врати партократијата не голема врата.

Одговорноста на највисокото раководството на социјалдемократите е голема, но исто толку значајна е и одговорноста на поширокото членство на оваа партија кое треба да прифати една сосема поинаква реалност од онаа која СДСМ ја познава практикувајќи до сега власт на централно  или локално ниво. Владејачката политичка структура сега наследува девастирани институции и поделеност на граѓанството каква што досега не сме имале во поновата историја.

За потсетување токму триумфот на Груевски во 2011 година беше и првата лопата во копањето на сопствениот гроб на таа политичка структура, ако така може да се нарече по се што се случи со неа. Непосредно пред гласањето во таа 2011 година Никола Груевски упати писмо до членството на партијата во кое повика на линч на сите кои мислат поинаку од него.

“Денес на македонската политичка сцена повторно се враќаат транзиционите политичари од минатото, искривените вредности што тие ги промовираа и старите и добро испробани методи што ги применуваа. Во претходните политички циклуси тие беа поразени, но не исчезнаа. Време е да ја почнеме последната битка со остатокот од транзицијата и нејзините политичари“, се наведува во дел од писмото со кое Груевски им се обраќа на драгите „браќа и сестри, почитувани пријатели и сопартијци“.

Со ваква реторика Груевски ги доби изборите и потоа влезе во простор од кој никогаш нема да може да излезе. Но, тоа е негов проблем, а наш се последиците од таа негова авантура кои допрва ќе треба да се санираат. Македонија е рането и ослабено општество кое просто нема капацитет да издржи уште една офанзива на која било партократска еуфорија.

Лекцијата од поразот на Груевски и неговата суицидна мисија изгледа како да ја имаат сфатено во партиско седиште на Бихаќка, барем според содржина на писмото кое генералниот секретар на оваа партија Кирацовски го упатил до членството. За разлика од милитантниот тон на Груевски од 2011 писмото на Кирацовски е во дух каков што се очекува во овие времиња кога Македонија е исправена пред сериозни предизвици.

„Одговорноста подразбира присебност и приземјеност. Апелираме сите да останете во редовен, човечки и пријателски контакт со граѓаните. Апелираме да подадете рака на секого, да бидете достапни и отворени за сечија идеја и сечија потреба. Нашиот ангажман значи обврска кон сите граѓани и кон тие што гласаат и кон тие што не гласаат за нашата политичка опција“ пишува Кирацовски во писмото до членството на оваа партија.

Оваа порака на Кирацовски за да биде убедлива ќе треба да е поткрепена и со конкретно однесување во овој дух на највисокото партиско раководство на кое тој самиот припаѓа и кое треба да даде пример за поширокото членство.

Социјалдемократите се пред големо искушение. Во време и простор во кој досега не биле ако се имаат превид модалитетите применети во периодите на нивното владеење во минатото. Македонија нема никаков потенцијал да одолее на уште еден поход на победничка хорда на ловци кои во неа гледаат плен кој по изборите треба да биде поделен меѓу сите во хордата согласно критериумите на нејзината хиерархија.

Предизвикот е голем. Тој не може да биде надминат од група на луѓе во највисоките ешалони на власта. Тоа мора да биде јасна демонстрација на желба за градење на демократско, европско општество во која ќе се вклучат сите ешалони на владеачката структура заедно со сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност.

На Македонија сега и е потребен секој атом енергија за да ја избавиме од амбисот во кој ја в турна милитантниот партиски транс. Време е за вистински патриотизам кој ќе биде во служба на реализација на единствената желба која сите не обединува-демократско општество како дел од големото европско семејство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.