Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Времето минато со Груевски не смее да стане идно

0
By Биљана Секуловска on August 18, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Немаме многу време, тоа е целата вистина сега. Време нема до остатокот на животот, барем нам, заглавени тука, во оваа пустелија, во оваа земја. Некои поинаку мислат, во тоа сега се колнат, дека времето мора да биде заглавено, времето минато со Груевски, тоа време да стане идно.

Сега нема премногу време да ги бркаме, да ги прогонуваме, да ги сопираме сите оние кои сторија се да го поминеме без иднина она малку што ни остана баш тука, токму тука, во оваа земја. Така некои тврдат, не отстапуваат од тоа, оние кои повторно сакаат да не вратат во тие минати времиња.

Време мора да има за сите оние од кои мора да се ослободиме, оние најпрво, за мене најомразените, оние со партиските книшки наредени на сите ревери, како што се менува власта, така и се премачкуваат тие ревери, се гланцаат како да изгледаат нови, иако засекогаш ќе останат испарани, ветви, скиснати, свенати надолу. Така се размислува, така изгледаат илузиите- дека се нема време, тогаш кога најмногу го има.

За оние бескарактерните, за нив сега немаме време, оние со проблематични ставови, кои како шавови кои распукуват на секое кревање на раката, зависно од промените на власта, некако за нив се нема време. Тоа се за некои вистинските решенија, единствената понуда, за кои не смееме да имаме повеќе време за губење.

Сега видете ја оваа апсурдна ситуација, како некои да велат дека немаме ниту малку време, особено за нас воопшто да го немаме, да се посветиме на она што нам ни е важно, ние, што имаме доволно време за оние погоре, со кои одамна моравме да расчистиме. Така некои се бранат, тоа е нивната точка закотвена во песокот, но тие не се дел од нашето време идно, секако дека не се.

Но, сега тоа време не гази, се потроши нашето време, за нас времето, кога мораме да го создадеме, баш сега кога не притиска тоа најмногу, сега,  е надвор од разумот да креваме раце од самите нас.

Ќе дојде време, сите знаеме дека тоа време секако ќе не потчукне по рамото, ќе не застане и ќе ни ја сврти главата кон самите себе. Ќе не праша еден ден тоа време, а тој ден секако ќе мора да дојде, што ние во ова време навистина правевме.

Тоа идно време ќе бидат некои идни деца, а тие деца, особено тие деца нема да имаат воопшто никакво време, особено не време да губат со нас, најмногу со ваквите како нас.

Тие деца нема да имаат милост, тие деца нема како сега времето да не потчукнуваат и да не застануваат. Тие деца ќе не растресат добро, ќе не фатат за раменици и ќе ни ја расчленат секоја коска, ќе ни ги размрдаат така грубо ковчињата, ќе не соголат, ќе не излупат, ќе не принудат да го запреме времето и да го вратиме доволно наназад. За да им објасниме што точно ни се случуваше сега, во ова време кога за ништо немавме време и не ни беше грижа за сето изгубено време.

Децата ќе бидат сурови, ние ќе бидеме безобразно безгрижни, времето и онака поминало, времето не се враќа, времето не работело за нас, најмалку за нив, времето покажало дека не сме го заслужувале, времето ќе покаже дека не ги заслужуваме ни тие деца, кои нема да имаат ништо заедничко со нас.

Некои секако ќе мислат дека никогаш нема да дојдат- времето идно, децата со стиснати усти и споени веѓи, бесни на нас, гневни на себе, затоа што ќе дознаат дека времето сме им го трошеле, сме им го испразниле, сме ги закопале во нашето време, сме се балсамирале со нив, сме си го исмејувале времето, себе, нив, затоа што друго и не сме знаеле, затоа што за друго и не сме биле способни.

Времето е точката на пресврт со референдумот, со иднината, со некакви цивилизациски вредности на ЕУ и НАТО, со нас, со тие идни деца, за нив не смееме да го потрошиме златното време кое сега го имаме.

Ова е најдобро време да не го дозволиме тоа- да го фрлиме тоа време од остатокот на животот на оние идни деца. За нив време секогаш мора да има, да го создадеме, да го измислиме, пред да им уништиме се, нивното време да им го прокоцкаме, да им го одземеме.  Нашето време единствено ни преостанува да им го подариме, она најдоброто од нас, она што се ситни, во ова малку време кое останува.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.