Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врие во ВМРО ДПМНЕ по одлуката за бојкот

0
By Нова ТВ on November 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ може да биде сигурен дека нема да има сериозна опозиција и ќе продолжат да победуваат дури без да имаат противник на изборите. Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе останат разочарани и без алтернатива која ќе биде коректив на лошите политики на власта. Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ партиските членови ќе останат без никаква заштита и без перспектива за добивање на можност да се освои власта, велат од Иницјативата за Конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, во која членуваат побеќе екс функционери на опозициската партика.

– Со одлуката за бојкот на изборите, сеуште актуелниот претседател Мицкоски му обезбеди уште една победа на Зоран Заев. Без борба тој му го предаде Штип кој беше вмровски бастион во источна Македонија.

Со одлуката за бојкот, Мицкоски сака да се теши себеси дека не бил поразен, но факт е дека заради него СДСМ ќе однесе уште една победа.
Јасно е дека не станува збор за некаков страв од пандемија, туку станува збор за страв од уште еден пораз на Христијан Мицкоски. Тој ги знае анкетите и знае дека тоа што нема став по важните прашања се одразува катастрофално по неговиот рејтинг и рејтингот на партијата.

Христијан Мицкоски нема капацитет да го поведе ВМРО-ДПМНЕ во победа и сосема беше очекувано дека ќе избега од изборно соочување. На него не му е важно што членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во овие три години се постојано шиканирани, напаѓани, бркани од работа. На него не му е важно што штипјани не видоа ништо добро од локалните власти кои со мал прст не мрднаа за градот. Да му беа важни, Мицкоски ќе излезеше на избори и ќе докажеше дека ВМРО-ДПМНЕ може многу подобро да раководи и управува. Да му беше важно ќе предложеше сериозен кандидат, а немаше да предлага да се продолжи мандатот на вд градоначалникот од СДСМ.

Да беше искрен во наводната загриженост за пандемијата , ќе предложеше дополнителни протоколи , а токму заради тоа и го именуваше инфектологот Вело Мрковски кој е член на ИК. За жал играта е иста како за предвремените локални избори. Тој беше загрижен се до моментот додека не се согласи за датум на избори. После во цела кампања ниту еднаш не го спомна корона вирусот.

После денешното исплашено соопштување на одлуката донесена пред три дена е јасно дека вонреден конгрес мора да има и ќе има.
Основната обврска и цел на секој лидер е да ја изнесе партијата на избори и да победи. Бегањето од избори не е лидерство ! Бегањето од избори не е вмровски ! Бегањето од изборите во Штип е откажување и од граѓаните и од партиските членови во Штип !

Христијан Мицкоски нема капацитет да го води ВМРО-ДПМНЕ !

Потребно е ново раководство кое нема да се плаши од избори и ќе победува !, велаѕ од Иницитивата за конгрес на ВМРО ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.