Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врвен хируршки тим изврши успешна дентална операција транспозиција на нерв

0
By Ана Василевска on April 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување после извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица. Напредната хируршка техника за прв пат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на Конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.

Сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјава кој имаше потреба од истиот, беше успешно завршена вчера од врвен хируршки тим.

Оваа комплексна техника ја изведе тимот под водство на професор д-р Мазен Тамими од
САД, роден во Јордан. Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори – др. Диана Бојковска.

Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување после
извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.

Видео приказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамки на меѓународниот имплантолошки Конгрес кој почнува денес во хотел Хилтон, Скопје, а ќе трае до 20. април.

Напредната хируршка техника за прв пат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на Конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.

Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите кои ќе бидат во центарот на вниманието на овој Конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.

Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: Д-р. Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, Д-р. Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, Д-р. Недим Касами, максилофацијален
хирург и имплантолог, Д-р. Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, Др. Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог.

Во Македонија за прв пат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME европски кредит поени.

Конгрес во Скопје за имплантологија Хируршки зафат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.