Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втората рунда разговори дава надеж за вистински преговори

0
By Светлана Јовановска on April 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Втората рунда разговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, со тројца европски пратеници, заврши со надеж дека работите почнуваат да се движат.

Европските парламентарци Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл испратија соопштение во кое кусо се известува дека разговори се одржале и дека е договорена повторна средба без да се прецизира ни кога ни каде таа би се одржала: “Учесниците се согласија дека дискусиите ќе продолжат”, вели соопштението.

Според она што НОВА успеа да го дознае, овој втор обид на власта и опозицијата да разговараат на иста маса дава надеж дека денес во Брисел, во Европскиот парламент (ЕП), се воделе конструктивни разговори.

Пред се поради тоа што денешната средба траеше речиси цел ден за разлика од првата средба која беше доста куса. Што е сигнал дека овој пат разговорот бил посуштински.

И овој пат ниту еден од македонските претставници на партиите не даде изјава што е исто така знак дека се разговара конструктивно и дека понатамошните разговори би требало да почнат да даваат резултат.

Не може да се каже дека ставовите на двете партии се доближиле на оваа средба но може да се претпоставува дека е најден соодветен терен за разговор.

Да потсетиме дека ставовите и барања на двете партии се тврди и засега непомирливи. Но, токму тоа е причината што двете партии разговараат во Брисел а не дома во Македонија и токму од тие причини беше потребна интервенција на олеснувачи од ЕП.

По серијата «бомби» барањата на опозицијата, како што повеќе пати беше објавено, се оставки во владата и во хиерархијата на Македонската радио-телевизија како и оставка на јавниот обвинител, додека ВМРО-ДПМНЕ веројатно бара да се престане со «бомбите» за да се создаде терен за политички дијалог во Собранието. Во недостиг на изјави од владеачката партија овој заклучок се наметнува врз основа на досега објавените соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, според информациите на НОВА, двете партии се уште не стасале до вистински преговори и досегашните две средби можат да се наречат како еден вид загревање и разгледување на теренот на кој подоцна би се исцртале контури кои би воделе во вистински преговори. Од денешната рунда разговори произлегува дека овој процес со европско олеснување ќе трае уште извесно време и тоа најверојатно со повеќе средби повторно во Брисел.

Опозицијата, како и минатиот пат, ја претставува Радмила Шеќеринска, потпретседателка на партијата заедно со Рената Десковска и Виктор Габер а од страната на ВМРО-ДПМНЕ тука беа министрите за надворешни работи и здравство Никола Попоски и Никола Тодоров како и пратеникот Илија Димовски.

Извор на НОВА смета дека двете партии треба да се фокусираат на европската иднина на земјата и препораката за преговори која не смее да се загуби и околу сето тоа треба да најдат заеднички терен и политичко решение.

Да потсетимe дека европските олеснувачи ја имаат целосната поддршка на земјите членки на ЕУ. Во таа насока се очекува идната недела да биде усвоен заклучок на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ за Македонија во кој ЕУ ќе изрази сериозна загриженост за состојбата во нашата земја. Со ова треба да се стави поголем притисок врз македонските партии за конструктивност во разговорите кои наскоро треба да се претворат во вистински преговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.