Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Второ дополнето и изменето издание на „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“ на Свето Стаменов

0
By Zoran Ivanov on May 23, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од печат излезе второто дополнето и изменето издание издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” на несомнено еден од најплодните македонски публицисти, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, чие прво издание беше објавено во 2019 година во рамките на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура.

Книгата е своевидна збирка на радио-интервјуа што беа реализирани во текот на 2016 и во првата половина на 2017 година во рамките на серијалот со кој Македонското радио – Радио Скопје му се приклучи на сеопштото одбележување на 1.100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски, најистакнатиот ученик и продолжувач на епохалното дело на сесловенските просветители – светите браќа Кирил и Методиј, мегаинтелектуалец, мисионер, прв словенски епископ и прв македонски и словенски светител, основач на првиот словенски универзитет, втемелувач на воспитно-образовната дејност во Македонија, прв македонски и словенски писател и преведувач, оратор и социјален медијатор, чудотворец… Со еден збор, фундаментален столб на македонската култура и на нејзиниот историски континуитет, човек кој со своето епохално дело го задолжи не само македонскиот народ, туку и целото словенство, па дури и целиот христијански свет.

Првото издание на „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“ содржеше 16 интервјуа – разговори со еминентни универзитетски професори, македонисти, писатели, богослови, културолози, извонредни познавaчи и почитувачи на грандиозното дело на свети Климент Охридски, како што се: проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Александар Прокопиев, проф. д-р Елизабета Димитрова, проф. д-р Маја Јакимовска  Тошиќ, проф. д-р Виолета Мартиновска, м-р Ана Ѓорѓевиќ, протопрезвитер проф. д-р Јован Таковски, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Трајан Гоцевски, проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ и проф. д-р Јован Белчовски, кои во рамките на редовната попладневна програма „Актуелно” и авторскиот проект „Quo vadis” ги изложија  своите видувања за одделни аспекти од животниот пат и од творештвото на свети Климент Охридски.

Ова второ изменето и дополнето издание на „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“, кое се појавува по цели шест години и по исцрпувањето на тиражот на првото издание, пак, е благодарение на Општина Охрид, која во рамките на својот Јавен повик за финасирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Охрид за 2025 година, финансиски го поддржа неговото објавување и, за разлика од првото, е дополнето со пет нови интервјуа (2 со проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ и 3 со проф. д-р Димитар Пандев), што беа реализирани во периодот од 2019 до 2023 година во рамките на редовните програми „Актуелно“ и „Радио спектар“ на Македонското радио – Радио Скопје по повод традиционалното одбележување на празникот Свети Климент Охридски.

Книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“  авторот ја посветува во знак на огромна благодарност и вечен спомен на неговата животна сопатничка и непресушна инспирација, неповторливата Искра Чоловиќ, доајен на македонското спикерство, новинар и истакнат македонски публицист, автор и коавтор на 14 книги и, пред сè и над сè, ГОЛЕМ ЧОВЕК, која ненадејно почина на 14 декември 2023 година.

Ова второ дополнето и изменето издание на „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“ е збогатено со пригодни текстови – рецензии на проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Трајан Гоцевски, проф. д-р Цане Т. Мојаноски и проф. д-р Димитар Пандев и на проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ и проф. д-р Маја Јакимовска Тошиќ кои, пак, беа рецензенти на првото издание.

издание климент охридски книга Нова Свето Стаменов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.