Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ, бркајќи ја мувата од капата, го злоупотреби ОН за своите манипулации

0
By Marija Todorovska on April 25, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДРАГАН МИШЕВ / ЦИВИЛ МЕДИА

Српскиот претседател Александар Вучиќ уште еднаш, како и многу пати до сега, ги злоупотребува институциите каде што ќе се појави. Овој пат, на седницата на Советот за безбедност на ОН, зборувајќи на тема за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК во Косово, сосема вон темата изјави дека (косовскиот премиер) Албин Курти не е во Њујорк, туку е зафатен со поткопување на регионалната стабилност, бидејќи тој лично води тајна кампања за изборите во Македонија, потенцирајќи при тоа дека Србија не се меша во внатрешните работи на Северна Македонија, а тој самиот, иако, како што се самопофали, е најпопуларен политичар во Македонија, не води никаква кампања во соседната ( како што често милува да ја нарече, братска) земја.

Настрана што и самото изнесување на тврдењето дека не тој, туку  Курти води кампања во Македонија е токму водење на кампања во Македонија, српскиот претседател или има амнезија, или намерно ги заобиколува малициозните дејствија и изјави на разно разни српски емисари и политичари, како Живаљевиќ, Дачиќ, Вулин.

За првиот, ајде и да му веруваме дека го подзаборавил, одамна беше 27 април 2017 година, кога советникот за безбедност во амбасадата на Србија во Македонија и припадник на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Горан Живаљевиќ се фотографираше во Собранието при упадот и бруталното насилство на „Крвавиот четврток“, кога толпата упадна во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и да извршат рушење на уставниот поредок на земјата. По ваквото „не мешање“ во внатрешните работи на земјава , Живаљевиќ беше повлечен од службувањето во српската амбасада во Скопје.

Но, изјавите на Дачиќ и Вулин не се толку одамна, од пред само една недела, па е малку чудно како Вучиќ не ги земал предвид при неговото ламентирање за немешање во нашите внатрешни работи, или пак, тоа не го сфаќа така, и за него е сосема нормално високи српски политичари да го навредуваат својот сосед и да се закануваат.

Да го потсетиме Вучиќ, но и македонските медиуми кој очигледно го заборавиле тој чин, откако истиот и не го осудија, а исто така некритички ги пренесуваат манипулациите на Вучиќ, кога Александар Вулин, поранешниот шеф на безбедносната агенција БИА и поранешен министер за одбрана и лидерот на Движењето на социјалистите кој, според објавата на Цивил, изјави:

„Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат, доколку не можат да ја поддржат Србија“ и побара Северна Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите..

На иста линија беше и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, откако и двајцата, што може да се види и кај дел од македонските медиуми кој некритички, без грам осуда, и може да се каже со задоволство ги пренесоа нивните изјави, фокусот го насочија кон македонскиот министерот за надворешни работи и претседателски кандидат Бујар Османи, не случајно во пресрет на претседателските и парламентарните, во обид да ја насочат „водата на воденицата„ на една, ним блиска  политичка опција каде главен коалиционен партнер е другарот по русофилство на Вулин, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, главната карика на делувањето на руската малициозна пропаганда, во државава и кој, исто така, во неколку наврати има упатено навреди кон македонската држава и нејзините граѓани.

И секако, на крајот, Вучиќ на заборави да посее уште малку од семето на раздорот, па како зачин во манџата, упати „извинување“ до луѓето во Македонија за мешањето во нивните внатрешни работи, од, како што го нарече косовскиот премиер, „нашиот неодговорен државјанин“.

Се чини дека е подобро за него и неговото „кратко паметење“, тука да не се навраќаме на изјавите на темава од неговите предходници Милошевиќ, Шешељ …

Текстот е личен став на Авторот.

Вучиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.