Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е подготвен на компромисно решение во конфликтот со Албанците во Косово, а во септември тој ќе иницира широка дискусија во својата земја по ова прашање.
„Ако создадеме оска на мир и стабилност на линијата север-југ на Западен Балкан меѓу два големи народи – Србите и Албанците, тоа ќе реши 80% од нашите политички проблеми во следните 100 години“, изјави Александар Вучиќ за Косово.
Според него, решението треба да биде „незадоволително и за двете страни“, бидејќи само тоа е начинот да биде компромисно.
Тој додаде дека одлуката нема да се земе поради Србите во минатото, туку заради оние што живеат сега и во иднина.
„Важно е да имаме добри односи со Албанците и да ги ставиме овие односи во ред еднаш засекогаш, а не да се продолжуваме со конфликт. Немам големи надежи, но сепак имам некакви“, рече српскиот претседател.
Сепак во изјавата, Вучиќ го призна и она што најлесно може да се заклучи – да се дојде до било каков компромис ќе биде многу тешко.
„Србија никогаш нема да прости“, рече Вучиќ и додаде дека знае какви лични и политички последици можат да се случат на оној кој учествува во сличен процес.

