Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Се штитиме од надворешно влијание, не е од Русија

0
By Нова ТВ on August 21, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
http://www.rts.rs/upload/storyBoxFileData/2017/08/21/9837683/Vucic-210817a.mp4

Имаме доволно докази добиени од разузнавачките органи за многу офанзивно делување против органите и институциите на Србија, ова денеска попладне во изјава за „Танјуг“ беше посочено од страна на Претседателот на Србија, Александар Вучиќ како причина за повлекувањето на персоналот на амбасадата на Србија од Македонија.

Наше е луѓето да бидат подготвени. Ќе има одредени промени во персоналот за како да го заштитиме пријателството со Македонија, а и како да се однесуваме во новото опкружување. Има многу шпекулации, но сметам дека во наредните денови се ќе биде појасно, рече тој.

Вучиќ рече дека Србија сака да има добри односи со Македонија, но и дека мора да се подготви и прилагоди на новите околности.

„Ние нашите интереси ќе ги заштитиме и ќе градиме добри односи со Скопје, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали кризата во односите со Македонија има врска со членството на Косово во УНЕСКО.

Како да ви кажам… Тие односи ќе мора да бидат засновани на заемно почитување. Дали Албанците ќе го стават Косово на дневен ред на Собранието на УНЕСКО… Наша работа е да ги заштитиме интересите на Србија, а притоа да не ги нарушуваме интересите на другите земји, одговори Вучиќ.

Притоа тој посочи дека тука сепак има мешање од некои други сили, без да прецизира кои.

„Наше е да умееме да одговориме и да умееме да го заштитиме нашето делување од влијание на надворешни фактори“, рече Вучиќ.

Прашан дали притоа мисли на Русија, тој одговори: „Не ни помислив на Русија“.

Изјава за новинската агенција „Танјуг“ беше дадена веднаш по средбата на Вучиќ со рускиот амбасадор во Србија, Чепурин Александар Васиљевич. Дваjцата изразија задоволство од трговската размена помеѓу Србија и Руската федерација и најавија интезивирање на економската соработка и размената на капитал. Посебен акцент се стави на заедничките намери да формираат индустриска зона со цел привлекување на руски инвестиции.

Претходно Владата на РМ соопшти дека „Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседа, Владата на Република Македонија секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство и унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во споровите меѓу државите, се вели во соопштението Владата на РМ, по одлуката на Белград да го повлече персоналот од Амбасадата во Скопје, по испратена нота, без за тоа да се наведат причините.

Во однос на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, Владата на РМ ќе ги има во предвид позициите на мнозинството земји членки на Европската Унија, се додава во соопштението.

Пред амбасадата на Србија во Скопје има редовно полициско обезбедување и додатни екипи на единицата „Алфи“. Вучиќ денеска се сретна и со рускиот амбасадор во Белград.

Вчера целиот персонал беше повлечен од Македонија, а за тоа до МНР е испратена нота, во која не се наведуваат причините.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.