Потпретседателот на српската Влада, Александар Вучиќ, тврди дека Србија не ставила вето на Косово да не присуствува на Самитот во Охрид. Како што изјави Вучиќ, Србија не забранила учество на Косово, бидејќи со тоа ќе бил прекршен Бриселскиот договор, јавуват српските медиуми.
„Македонија сама донесе одлука да не го покани Косово на Самитот. За нивното отсуство придонеле и барањата на некои други држави. Сите поранешни договори кои нашата држава ги потпишала, ги нема прекршено“, изјави Вучиќ.
Од кабинетот на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов претходно беше пак соопштено дека Косово не е повикано на Охридскиот самит, бидејќи Македонија не може без согласност на другите да го покани Косово, посебно кога е јасно укажано дека поради таквите потези „некои земји учеснички би го откажале учеството“.
Сепак, потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ порача дека Србија не ја крши бриселската спогодба и посочи дека одлуката за неучество на Косово на Охридскиот самит се должи на одлуката на Македонија како организатор.