Потпретседателот на српската Влада, Александар Вучиќ изјави дека до 28 јуни; Србија ќе добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ и дека овој датум се совпаѓа со празникот
Видовден, кој ќе биде првиот победнички Видовден во историјата на државата.
Тој изјави дека Германија ги вреднува сите заложби на Србија.
„Јас ќе бидам виновен пред српските граѓани ако не до добиеме датумот за почеток на преговори со ЕУ, а некој сигурно ќе мора да објасни се, доколку тоа не се случи“, изјави Вучиќ во дневникот на српската национална телевизија РТС.